Saturday, June 27, 2020

Кипар во Септември : 7 ноќевања + повратен билет 108 €





Кипар е островска држава во Средоземното море. Со своите спектакуларни пејзажи и завидна клима, островот нуди магична мешавина на романтика и опуштање во предивното опкружување.  Сончани плажи, космополитски градови и луксузни хотели се дел од секојдневието на овој остров.

Ayia Napa е можеби најпопуларен туристички центар на Кипар, со многу сонце, кристално чисто море и предивни пејзажи. Некогашно мало, рибарско село, сместено во увала, денес е престижен туристички центар. Друго име му е и „втора Ибица„, за сите кои сакаат море, спортови на вода и активен ноќен живот. Бројните ресторани, барови, дискотеки и тренд клубови работат скоро непрекидно, па се препорачува пред се на помладите, но секако дека има места и за помирен и опуштен одмор.

Larnaca е трет град по големина, сместен на југоисточниот дел на островот. Модерен град настанат на руините на стариот град-држава Китион, поморско и трговско пристаниште и стратешка точка на феничаните. Во близина е соленото езеро Алики, зимувалиште на фламингоси, а духот на старите антички времиња се чувствува во целиот град. Тврдината, црквата на Св. Лазар, 3 џамии, археолошки музеј се само дел од богатото историско наследство на градот. Во близина на Ларнака се одлични песочни плажи.


SKOPJE - LARNACA - SKOPJE 13.09 - 20.09 = 28EUR





ДОБИЈТЕ ВАУЧЕР ОД 30 ЕВРА ЗА ВАШЕТО ПАТУВАЊЕ СО РЕЗЕРВАЦИЈА ПРЕКУ ОВОЈ ЛИНК